Добредојдена пауза

Ракомет

Екипата на Прилеп го претрпи четвртиот пораз во плеј – офот од Супер лигата, на гостувањето кај Пролет во Скопје со 27-21. Паднаа надежите дека може нешто повеќе да се направи против најсилните екипи во земјава. Претстојат три тешки меча дома со Зомимак и Вардар, на гости кај Металург. Затоа е добредојдена паузата, поради настапот на репрезентацијата против светскиот шампион Франција во квалификациите за Европско.

Женскиот суперлигаш Жито Прилеп загуби во Скопје со 30-26 од Ѓорче и чека нова шанса за втора првенствена победа.

Loading