ГАЈДАТА ГО РАСПАРА МАРИОВО

Бизнис средба во природа

Biznimenite i gradonacalnikot zavijaa oroНикој не може да остане рамнодушен кога ќе писне гајдата. Маестрото во етно-музиката, познатиот гајдаџија Стевче Стојковски кој е наследникот на извонредниот Пеце Атанасовски, со звуците на изворниот инструмент го разбуди “заспаното” Мариово, а бизнисмените на средбата во природа, на чело со градоначалникот Марјан Ристески, ги крена на нозе. Се зави оро на песните од мариовскиот крај, како Заплакало е Мариово, По пат одам, за пат прашам…

На традиционалната средба во природа во манастирот Свети Илија кај Витолиште, бизнисмените потсетија на реализираните проекти, а се направија и планови за манифестацијата Пивофест, по која е познат Прилеп, а се одржува благодарение што Локалната самоуправа добива силна поддршка од бизнис секторот. 

Loading