Моделарство
Воздухопловното моделарство граби со крупни чекори напред. Дека е на вистински колосек потврда е одлуката на ФАИ (Меѓународната аеронаутичка федерација) да í додели на Македонија организација на Европскиот јуниорски шампионат во воздухопловно моделарство во 2017 во Прилеп. Ова се случи на редовното годишно собрание во Лозана, Швајцарија, каде Македонија ја претставуваше Здравко Тодороски, член на УО на ВФМ, актуелен селектор по воздухопловно моделарство.
– Успеавме при заострени критериуми, исклучително зголемена конкуренција и бројни услови. Делегатите со акламација изразија безрезервна поддршка и доверба кон Македонија, ВФМ и непосредниот организатор “Фил феникс” од Прилеп – вели Тодороски.
Ништо не е случајно, туку е епилог на докажувањето многу години. Втора година по ред Македонија добива виза да биде домаќин на престижно натпреварување. Лани ФАИ ни додели организација на Светско јуниорско првенство за 2016.
Тодороски ја прими дипломата “Пол Тисандер”.
![]()

