Нема “куртул” од признанија

Гимназија Мирче Ацев

Informaticarite Marko i Stefan so mentorot Ankica S. JanceskaНаградите станаа секојдневие за гимназијалците. Стефан Николоски и Марко Маркоски се најдобри по математика и информатика. Само бијат мегдани во знаења и не им “куртулуваат” наградите. Два дена се докажувале меѓу 25 информатичари на Македонската Олимпијада претходно интензивно навежбани и  “вооружени” со поголеми знаења. Стефан се врати со сребрен медал и се надева на место во репрезентацијата. На Марко, кој првпат учествува на Олимпијадата, за малку му избега медалот. Но, задоволен е и со признанието и не се разочарува, оти вели дека сé е искуство, да знаеш што те чека во иднина и поттик за понатамошни поголеми успеси.

Менторот Анкица С. Јанческа е горда на постигнатите резултати. 

Loading