Рој награди

ОУ Кочо Рацин

1. Junacite od filmot za Kral Marko - 1a odd. so nastavnickata Mirceska

ОУ “Кочо Рацин”, за три дена, се закити со три први места и на регионално и на државно, па дури и на меѓународно ниво. Првачињата од 1-а одделение со наставничката Наташа Мирческа отидоа дури во Србија, каде со образовниот филм за Крал Марко го грабнаа првото место на Меѓународната смотра на детско творештво “Креативна Чаролија”. Беше забележан талентот за уметност на првоодделенката Антоанела Кочоска, чии цртежи беа меѓу најдобрите.

Училиштето беше домаќин на државниот натпревар по македонски јазик и литература, заради ланското прво место кое пушти корени на успехот и годинава. Деветтодделенката Галена Аризанкоска, со менторот Наташа Кулевска, го задржа првото место пак во училиштето. Со освоени 98 поени, го резервира својството “домаќин” и за в година.

Триумфираа и на државниот натпревар по Народна техника во конкуренција од 16 регионални победници со најдобри проекти за применета физика, освојувајќи го третото место. Осмоодделенецот Давид Атанасоски, под менторство на Валентина Деспотоска изврши бежичен пренос на електрична енергија дури на метар оддалеченост.

Училишниниот хор и оркестарот се изборија за првото место на регионалните смотри и ќе пеат и свират и на државниот натпревар.

Loading