ОУ Кирил и Методиј
Проектот за меѓуетничка интеграција, ги однесе четвртоодделенците и шестоодделенците од ОУ “Кирил и Методиј” од селото Канатларци во посета на партнер ОУ “Синиша Стоилов” во селото Зрновци, Кочани. Измешани со различни етникуми, во групи бојадисуваа јајца, а во двојки преку песни и текстови твореа за сличностите и разликите меѓу празниците Велигден и Бајрам. Творбите, производ на меѓуетничкото дружење, ги презентираа пред наставниците и родителите. Потоа ги изложија во холот на училиштето домаќин. На радоста за зближувањето í немаше крај, кога и девојки и момци, во екипи со мешан ентички состав заиграа фудбал и кошарка. Дружењето го заокружија со засадување “Дрво на пријателство”, како симбол за партнерството.
Домаќините ги нагостија другарчињата со закуска и ги прошетаа до локалните знаменитости.
![]()

