Репрезентативна граѓа од повеќе области

35 години Институт за старословенска култура

Tri ipol decenii cuti nauka vo Institutot za staroslovenska kulturaСо низа манифестации кои започнаа синоќа со предавањето на тема “Религија на античките Македонци” од проф. д-р Наде Проева, а ќе траат до крајот на годината, Институтот за старословенска култура ќе одбележи 35 години. Во 1980 година, Институтот бил формиран како установа за собирање, обработување, систематизирање и презентирање на целокупниот материјал за културната историја на Македонија, преку организирање и изведување на истражувања од областа на етногенезата на македонскиот народ, како и истражувања на фазите на развој на неговата култура.

– Од почетоците Институтот станал значаен научен центар не само во Македонија и Балканот, туку и пошироко во Европа, главно поради својот мултидисциплинарен карактер. Во научно истражувачките активности, покрај научните работници од Институтот, беа вклучени и еминентни имиња од земјата и странство, како на пример од МАНУ, Институтот за археологија и историја на уметност при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Институтот за историја на материјалната култура при Полската академија на науките и уметностите, конзерваторските заводи од Варшава, а во поново време и Институтот за славистичка филологија при Универзитетот “Адам Мицкиевиќ” – Познан, Полска. Обезбедена е репрезентативна систематизирана граѓа од истражувањата на полето на археологијата, историјата на уметност, историјата, лингвистиката, како и етнологијата. Тука се научноистражувачките откритија на комплексот “Маркови Кули”, како и од локалитетот Градиште во селото Дебреште. Но, и од локалитетите во Мариово при што беа откриени бројни материјални остатоци, прецизно културно и хронолошки детерминирани од праситоријата, преку антиката, до средновековието како основа за проучување на материјалната култура во централните делови на Балканскиот Полуостров. Прилог кон проучувањето на историјата на христијанската црква се истражувањата на рановизантиски и средновековни археолошки локалитети во Македонија, при што беа идентификувани најстарите старохристијански и словенски црковни центри. Институтот даде значаен придонес во документирањето на бројни словенски ракописи и писмени споменици со македонска продукција, студиозно обработени како од филолошко-палеографско-лингвистички аспект, така и од политичко-дипломатски аспект – вели д-р Ели Луческа, директор на Институтот.

Институтот првите посериозни систематски истражувања и продлабочени проучувања на ѕидното сликарство од поствизантискиот период ги почнал со најстарите и најголемите митрополии на Охридската архиепископија – Пелагониската.

Институтот континуирано и интензивно се занимава со духовната култура, давајќи значаен придонес кон откривањето на историско-стадијалниот развој и етногенетските процеси на македонскиот народ, неговиот светоглед, митолошките, религиозно-христијанските и фолклорните ликови, претстави и верувања. Институтот е овластен субјект за заштита на нематеријалното културно наследство: фолклор и јазик. За четири години идентификува, документира и валоризира над 14 културни добра, меѓу кои позначајни се Водичарките од с. Беранци, Велигденските кули од Македонски Брод, Лазарките од Струшко Поле и Дримкол, Водици во с. Битуше, Иванка во Ресен, Џаламарите од с. Бегниште…

Loading