Започна комплетното реновирање на големата сала на ЦК “Марко Цепенко”. На просторот од 900 м2 ќе се постави нов топол под, а во тек е тапацирањето на околу 600 седишта. И ѕидовите ќе се пребојадисаат, сцената ќе се уреди и ќе се постави нов систем за затоплување. Се очекува до крајот на месецов салата да блесне во ново руво и комфор за да ги прими посетителите на детските смотри и јубилејното 50-то издание на МТФ “Војдан Чернодрински” во првата половина од јуни.
Првата темелна реконструкција, после 35 години од постоењето на Центарот, чини три милиони денари.