Победуваа до финале

Пинг – понг

Убаво се развива талентот на најнадежните прилепски пингпонгари од Младост 96. Откако се покажаа на Државното пионерско првенство, позитивно изненадија во повозрасната категорија – младинци. На Државното во Штип, во двојки, Александар Рикалоски и Бојан Илиески го освоија бронзениот медал. Откако трипати победија со по 3-0, за влез во финалето загубија од шампионите, Јованов и Кировски (Скопје). Поединечно најдобар пласман има Рикалоски на високото петто место, додека солидни се Илиески на деветто, Дамјан Стојчев на 11. и Христијан Иваноски на 12. место.

Истиве пингпонгари настапуваат во сениорската Прва лига, каде со Младост 96 се трети на табелата.

Loading