Пелистер – Тетекс

Бесплатна објава

Прва лига

Според последните информации, битолски Пелистер одлучи преостанатите прволигашки мечеви како домаќин да ги игра на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, поради реновирањето на стадионот “Тумбе Кафе”. В сабота е првиот дуел со Тетекс, во борбата за опстанок. Двата тима се на дното, Пелистер деветти со 19, Тетекс последен со девет бода. “Зелено – белите” се фаворити. Се очекува и поддршката од трибините. Многу прилепчани посакуваат Пелистер да не отпадне за да не биде во второлигаш наесен и најголем конкурент на Победа.

Пелистер го води поранешниот селектор Ѓоко Хаџиевски.

Loading