Обврски во плеј – офот и Купот

РК Прилеп

По поразите дома со 18-24 од фаворитот Металург и на гости со 34-27 во Радовиш, за екипата на Прилеп претстојат обврски во преостанатиот дел од суперлигашкото првенство, како и во Купот. Во плеј – офот се потврди претпоставката дека сите противници се квалитетни. По три кола не е освоен бод, а претстои гостување кај Пролет во Скопје. Овој дуел е шанса за прв успех, бидејќи следат три посериозни пречки дома со Зомимак и Вардар, на гости кај Металург.

Во Купот извлечена е првата група, каде за осминафинален ривал е суперлигашот Охрид. Доколку се помине, во четвртфиналето, чека гигантот Вардар. Полуфиналето е неостварливо, но добро е да се прескокне барем првата пречка. Предвидено е мечот да се игра во новата сала “Јане Сандански” во Скопје. 

Loading