Важен меч во Велес

Фудбал

После очекуваната победа дома со 3-1 над Големо Коњари,  Победа в сабота ја чека тешко гостување на Борец во Велес. Погрешна претстава може да создаде табелата, каде Борец е на 5. место без големи изгледи да напредува нагоре. Велешкиот состав е тука главно поради слабите резултати есеноска, но пролетва е засилен. Во Победа се внимателни, мобилни и подготвени за максимален влог.

Вториот интересен дуел е во Обршани, каде Партизан го пречекува неготински Вардар. Од обршанци се очекува да дојдат до триумф, исто како пред две недели Големо Коњари.

Табела: Победа и Вардар по 37, Превалец 32, Партизан 26, Борец 19, Големо Коњари 18.

Loading