Ѓоко Хаџиевски пред одлука
Има шанса прилепските фанови да гледаат прволигашки фудбал, доколку соседниот Пелистер одлучи како домаќин да игра во градов во преостанатите кола од третиот круг. Најавено е реновирање на стадионот под Тумбе Кафе и нужна е преселба на друг терен. И без тоа, среќата дома не ги сака пролетва битолските фудбалери, кои претрпија порази со 0-1 од Брегалница, 1-3 од Работнички и 0-1 од Турново. Во опција е и стадионот во Охрид. Конечниот став ќе го донесе Ѓоко Хаџиевски, тренерот на Пелистер. Доколку го одбере Прилеп, тимот на претпоследнопласираниот Пелистер, треба да биде домаќин на 19 април со Тетекс и на 26 април со Ренова.