ТОПКА ПО НОВИОТ ПОД

СОУ Орде Чопела

Sportuvanjeto e pozabavno vo renoviranata salaНа задоволство на учениците од СОУ “Орде Чопела”, најпосле ќе можат со ќеф да спортуваат во реновираната училишна сала. Блеска новопосланиот ПВЦ под, донација од општината Лозана од Швајцарија. Ни учениците, а ни градоначалникот не одолеаа да ја “испробаат” салата, заигрувајќи со топката по теренот.

Локалните власти инвестираат во подобрување на условите во образованието. Градоначалникот Ристески најави дека училишната зграда ќе добие нова фасада, а планирано е и уредување на игралиштето во дворот.

Loading