СТРЕЛА ВО ДРЖАВНА МЕТА

Strelcite Irena i LazarМладите стрелци од СК “Стрелец 09” не запираат да ја погодуваат метата најблиску до десетката, постигнувајќи одлични резултати. На државниот куп за пионери и пионерки во стрелаштво со воздушна пушка во Скопје, Викторија Тренческа од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, покрај силната конкуренција, се избори за првото место. Остро око имаше и соученикот Лазар Лазарески, кој погоди доволно кругови за третото место. Добри резултати постигна и Ирина Јованоска од ОУ “Добре Јованоски”, која беше прва на училишниот натпревар.

Loading