ГОЦЕДЕЛЧЕВЦИ ЕКИПНО НАЈДОБРИ МАТЕМАТИЧАРИ

Дека решавањето задачи умее да биде забавно, а математиката не е толку “страшна”, покажаа 48 ученици од четврто до деветто одделение, освојувајќи први, втори и трети места на регионалниот натпревар. Ги издвојуваме ОУ-прваци. “Климент Охридски” грабна по две први места и во 4 одд. и во 7 одд. “Блаже Конески” исто толку во 5 одд. “Кире Гаврилоски – Јане” по едно во 6 и во 9 одд, а “Рампо Левката” само во 9 одд. Седмоодделенците од “Кочо Рацин” зазедоа 4 први места. А “Гоце Делчев” имаше први места во 6, 7, 8 и 9 одделение. Гоцеделчевци со четири први, две втори и две трети места, се покажаа најдобри математичари екипно.

Се очекува нашите математичари да блеснат со повисоки резултати и на државниот натпревар. 

Loading