ГЕРМАНСКИ ДЈ ЗА ИНТЕРАКЦИЈА НА ДЕЦАТА

ОУ Кочо Рацин

Ucenje germanski niz muzikaЗа учењето германски да биде полесно, ОУ “Кочо Рацин” како домаќин ги “згрижи” учениците од Битола и Виница на четвртата заедничка работилница на Нови медиуми – подвижност и уметност во соработка со Гете Институт. Гостин им беше германскиот музички педагог Гартсен Гале, кој ги забавуваше децата, покажувајќи ги достигнувањата на електронската музика. Меѓусебно комуницирајќи на германски, некој стана диригент, а некој музичар кој свиреше на “картончиња” кои преку интерактивна табла произведуваа звуци на пијано, виолина, контрабас, гитара. Здружени компонираа електронска музика за песните кои сами ги напишаа на германски, а претходно беа наградени на конкурс.

– Преку оваа музичка работилница со користење на интеркативни методи, децата на невобичаен начин се запознаваат како функционира дигитализираната компјутерска музика. Учествуваа ученици од повисоките одделенија оти потребно е основно А1 ниво познавање на германски – вели наставничката по германски, Габриела Темелкоска.

Ова е втор проект во соработка со Гете Институт во рамките на проектот на рано изучување на германскиот јазик, поддржан од МОН во кој се вклучени 12 проектни училишта од државава. Прв беше учеството на прилепскиот карневал со мотиви од германскиот. А во насока на поддржување на наставата по германски кај првачињата, од 20-30 јуни ќе има уште еден награден конкурс во Охрид за театарска работилница, каде децата ќе глумат сцени од филмуваниот роман “Бескрајна приказна”.     

Loading