“ДРЖАВЕН” АТЛЕТИЧАР

СОУ Кузман Јосифоски – Питу

Sportuvanjeto e najgolemata investicija za zdravjeto - Kiril LuceskiКирил Лучески, ученик во втора година во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”, стана државен првак, истрчувајќи крос кантри од 4 километри меѓу 20 учесници на 17 годишна возраст. Тренира атлетика скоро 4 години. Напорно вежба, да ниже успеси. Годинава, стана младинец – шампион, а ништо помалку не беше ни лани, кога го освои првото место во категоријата пионери до 15 години. Младиот атлетичар небаре ветер, покрај силната конкуренција од 300 учесници, се искачи на пиедесталот на трката во Скопје по повод денот на франкофонијата. 

– Без трема, успеав. Тоа е стимул за нови успеси. Цел ми е да поставам личен рекорд и да освојам некое место на балканско, па и европско првенство. Спортот не е само натпревар, туку и здравје – вели надежниот атлетичар Лучески, кому атлетиката му е страст од 6 години.

Лучески учествуваше и на медитеранските игри во Турција, каде заедно со уште тројца претставници од Македонија беше во првите 7.  

Loading