СОУ Ѓорче Петров
Девет ученици од 3 и 4 година од СОУ “Ѓорче Петров”, две недели ќе бидат дел од персоналот на центар за рехибилитација на стари лица во Мадрид, Шпанија. Станува збор за обуката, насловена “Грижа и знаење”, што е проект финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилности преку програмата Еразмус+. Во потрага по нови знаења и вештини, медицинарите ќе имаат можност да ја покажат на терен стекнатата теорија.
– Ќе стекнеме знаења и вештини, ќе прошетаме и ќе се дружиме заедно – вели Филип Петрески.
Преку оваа програма соработуваа со медицинските училишта од Тетово и Гостивар, како и со струшка невладина организација.