СОНДАЖНИ ИСТРАЖУВАЊА КАЈ АЛКОМЕНА

Еднонеделни сондажни истражувања врши екипа на Заводот и Музеј во близината на археолошкиот локалитет Алкомена, кај Бучин.

Истражувањата треба да утврдат дали на овој простор има било какви други културно археолошки остатоци, освен постоечкиот локалитет.

Алкомена е локалитет, заштитен со закон, на кој досега не биле вршени значајни археолошки истражувања. Се работи за античка населба, која е забележана во археолошката карта на Македонија.

Loading