НАЈСТАРА Е НОСИЈАТА НА КУД “МИРЧЕ АЦЕВ”

Денови на македонската народна носија во Кривогаштани

По тригодишна пауза, во Кривогаштани се одржа 36-тото издание на манифестацијата “Денови на македонската народна носија”. Повеќе културно уметнички друштва, групи и поединци од Македонија, дојдоа да го демонстрираат македонскиот фолклор, вткаен во носиите, создадени со вештина и љубов на нашите претци. Со звукот на тапанот, зурлата и кавалот, учесниците дефилираа, а жителите се воодушевуваа од марифетите на подготовката на рубата на нашите баби и дедовци. КУД “Мирче Ацев” ја доби наградата за најстара македонска народна носија.

Организаторите годинава отворија “Етно соба”, во која се изложени реквизити, предмети и алати од традиционалниот начин на живеење. Меѓу експонатите се поставени народни носии, разбои, таруни, бутини, дипли, веленца…

Градоначалникот Тони Заткоски ќе се стреми манифестацијата да ја промовира и афирмира во општината преку нашето културно богатство и македонскиот автентичен фолклор.

Loading