СЕ “МЕШААТ” МАКЕДОНЦИ СО ГЕРМАНЦИ И ПОЛЈАЦИ

СОУ Кузман Јосифоски – Питу

Ke se podgotvuva trojazicna turisticka brosuraУченичката Мартина Темелкоска и професорката Мануела Котеска од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” реализираа седумдневна посета во Мезунген, Германија, кај партнер училиштето “Ратко Штокел” за “Денот на отворени школски врати”. Преку штанд со храна, флаери, брошури и мали подароци со симболи од градот и презентација на ученичката, го претставија училиштето пред Германците.

Посетата донесе договор за нов три годишен проект за размена на ученици и професори. Први ќе навратат Германците во октомври заеднички да изработуваат производи на тема “Музиката и танцот, дел од културата на земјата”. Возвратна посета во Германија ќе се случи во мај в година, за јубилејната десетгодишна соработка меѓу двете училишта.

Додека преговараа со Германците, во училиштето дојдоа 15 ученици од Гривица, Полска на седумдневен престој за реализација на научен проект за туризам. Заедно го разгледуваа градот, се прошетаа и до Охрид и Крушево, а наесен нашите ќе ја видат Полска. Потоа заедно ќе создадат тријазична брошура на македонски, англиски и полски, што ќе биде мини водич за потенцијалните туристи во Македонија и Полска.

– По првата средба со Полјаците очекуваме да продолжи соработката и следните генерации да бидат дел од размената – вели Маријан Темоски, професор по економска географија.         

Преку ваквите проекти, учениците ги подобруваат социјалните и јазичните вештини.        

Loading