ОУ Климент Охридски
Радост и насмевки кај децата со посебни потреби од ОУ “Климент Охридски” донесоа спортските игри на иницијатива на здружението Изгрев. “Виновниците” за дводневната дружба беа гостите – специјални волонтери и едукатори од Арканзас, Америка. Како подобро би се вклучиле и интегрирале овие деца, американските дефектолози разменуваа искуства, идеи и активности со дефектолозите од училиштето.
– Очекуваме соработката да продолжи и да не биде само една активност, туку да добие одржливост. Задоволни сме од начинот на работа на педагозите. Скромни сме со реквизити и нагледни средства, но среќата на децата нека биде поттик и други организации да се вклучат со донации – вели директорот Јовески.
Со заеднички сили, сакаа и успеаа да направат интегративен проект, што не можат да го направат во обичен ден. Во дружбите се вклучија и учениците од редовните паралелки. Не заостанаа ниту наставниците, ни директорот Дарко Јовески. Играа и се забавуваа, учејќи дека нема разлика меѓу нив, оти сите се деца.
![]()


