ВЕЧЕРИ НА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ

Sekojdnevieto se razbiva so veceri na melodicnite stranski jaziciВо склоп на одбележувањето на месецот на франкофонијата се здружија учениците од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”, од Гимназијата и од шест ОУ да приредат француска вечер. Програмата изобилуваше со музички точки, балет, рецитации, драматизација на мелодичниот и нежен светски јазик. Се забавуваа, уживаа и во креативен стил ја покажуваа дарбата за одличното владеење на францускиот јазик.

Покрај франкофоните, 40 гимназијалци, во соработка со Младинската, организираа англиска вечер. Преку соло песни, рецитации и драма која сами ја напишале, создадоа креативно доживување, за задоволство на сите.  

Loading