ПРИЛЕПЧАНЕЦ ВО ШВАЈЦАРИЈА

Езѓан Алиоски

Повремениот репрезентативец по левата бековска позиција, Езѓан Алиоски (23), е роден прилепчанец, според податоците објавени за неговата биографија. Од мал е преселен во Швајцарија, каде ја има поминато фудбалската обука низ сите школи. Прво бил во екипата на јуниорскиот Јанг бојс, а пред две години преминал во второлигашот Шафхаузен. Таму бргу добива доверба од тренерот Маврицио Јакубачи, а добрите игри се виза за настап во Младата селекција и за деби во А – репрезентацијата на Македонија, кога в. д. селектор беше Зоран Стратев. Моментно Шафхаузен се бори за место во средината на табелата, а Алиоски е меѓу најистакнатите поединци.

Пред пет години во Шафхаузен голман беше Дарко Тофилоски.

Loading