ПРОМЕНЛИВО

Пинг понг

Пролетва доста променлива е формата на суперлигашкиот состав на Младост. После поразот од водечкиот Шампион, следеше заздравување со два триумфа над Телеком и Ѓорче Петров. Сепак, наредниот ривал, ланскиот првак Работнички, се покажа тежок и доживеан е пораз дома од 1-5. Има уште три кола за поправање на впечатокот, од кои следниот е на гости кај Гоце Делчев во Штип. На табелата води Шампион со 22 бода, пред Работнички со 18, а Младост е трет со 14.

Во Првата лига солидно настапува младиот состав на Младост 96. Во осум кола постигна четири победи, последната со 5-1 над Куманово, а бодови се очекуваат и на следното гостување на Пошта во Скопје. За екипата се борат Александар Рикалоски, Христијан Иваноски, Бојан Илиески, а помага и Златко Рикалоски. На табелата води Вардар со 14, пред Радовиш со 12, а осум има Младост 96.

Loading