СТАНОЈОСКИ ВО ВРВНА ФОРМА

Шах

Врвна форма покажува велемајсторот Звонко Станојоски на силниот меѓународен турнир Карпош опен во Скопје. По одиграни шест кола беше највисокопласиран од македонските шахисти, на 8. место. Тоа е мошне висок пласман, ако се знае дека учествуваат 150 шахисти од 27 држави. Има 34 велемајстори, 30 интермајстори, 32 фидемајстори. Најдобриот прилепски шахист на сите времиња собра пет поени, само половина заостануваше зад водечкиот, прочуениот хрватски велемајстор Зденко Кожул. Загуби само од ВМ Ткачиев (Франција), а совлада многу силни мајстори.

Во седмото коло се сретна со ВМ Иванишевиќ (Србија), синоќа беше осмото, денеска последното, деветто коло.

Вториот прилепчанец, ФМ Роберт Велески, беше солиден по шест кола, со 3,5 поени е на 80. место.

Loading