ЗОШТО СЕ ИГРА САМО ВО СКОПЈЕ?

Жито Прилеп

Нигде нема ваква лига. Женската ракометна Супер лига дозволува скопските екипи да гостуваат во своите сали и ако така продолжи надвор од главниот град е единствено пелагониското дерби Жито Прилеп – Пелистер! Така предвидено за второто пролетно коло не се одигра и е одложено за наредната недела. Поради младата репрезентација одложено беше и гостувањето на вториот Вардар во Прилеп, а се одиграа само два меча и тоа двата во Скопје, каде Жито Прилеп прво загуби со 46-20 од Вардар СЦБТ, потоа низ судиска пристрасност со 27-23 од Ѓорче. На ред е дома со Металург викендов, но скопјанките бараат и овој меч да биде во Скопје.

– Досега излегувавме во пресрет, но повеќе не прифаќаме. Како е распоредот, така ќе играме. И ние сакаме да бидеме домаќини. И нашата публика сака да види женски ракомет – вели Жане Дисоска, тренер на Ж. Прилеп.

Последенпат Жито Прилеп играше дома на 26 ноември 2014 со Ѓорче.

Loading