ВИЗА ЗА БАКУ

Карате

Izvedbata na zenskiot kata tim od RoninЈубилејното 50. Европско првенство во Истанбул, Турција, беше успешно за прилепските каратистки, репрезентативки на Македонија од редовите на КК Ронин. Според стручнаците, со оглед на младоста и брзиот подем, најперспективниот европски женски ката тим (Мишела и Маријана Димоски со Пулексенија Јованоска) првпат настапи на сениорско европско и се избори за високото 5. место. Во првото коло беше победата над Англија, предводена од медалистката Ејми Шел, во второто коло е мината пречката Белорусија, бронзена од минатиот шампионат и дојде пресудниот дуел за полуфинале со Шпанија. Фаворитот победи и нашите претставнички се задоволија со петтото место. Втора шанса имаше Јованоска, која поединечно се избори за седмото место. Според прописите на Олимпискиот комитет сите пласирани до седмо место обезбедуваат настап на Европските олимписки игри во Баку, Азербејџан. Меѓутоа, се чека официјална потврда за Јованоска, додека за ката тимот се знае дека иако има пласман нема да патува, поради тоа што таа дисциплина нема да биде застапена екипно.

Во Истанбул, Македонија освои еден бронзен медал во борби со Мартин Несторовски (Металург Скопје).

Loading