ОДЛИЧНИ КРОСИСТИ

Атлетика

Меморијалниот крос во Скопје, на кејот од Вардар, ги потврди талентот и квалитетите на прилепските атлетичари. Во најдолгата патека од 3000 метри Илија Пајмакоски (Делта) го освои третото место, а се покажаа и младите надежи од клубот Академик Џамбазовски на тренерот Ѓорѓи Гешоски. Тројца од нив остварија одлични втори места. Со вакви атлетичари, светла е иднината на клубот. Леонид Вандевски беше втор во трката на 1000 метри за деца од седмо и осмо одделение, а истиот пласман го имаше Мелани Бошеска кај девојчињата од петто и шесто одделение на трката од 500 метри. Во детската трка на најкусата патека од 100 метри се истакна Стефан Јошески.

Loading