ПОБЕДУВААТ СО 11-0

Подмладок на Победа

Милина е да се следат сите категории од подмладокот на Победа. Претходниот викенд ги полнеа мрежите на противниците, остварувајќи максимум победи. На гостински терен во Врапчиште, помладите пионери славеа со 11-0, а пионерите со 4-1. Нема место за сите стрелци, ги издвојуваме само најефикасните. Прво пет гола даде Мартин Јосифоски, потоа хет – трик имаше Христијан Митрески. Одличен старт на пролетната сезона имаа повозрасните. Дома, на прекрасниот терен со вештачка трева, кадетите го совладаа Врапчиште со 10-0. И на овој меч се случи хет – трик на Андреј Карапеев. Младинците беа нешто “поскромни” и победија со 3-0.

Со новите бодови сите категории атакуваат кон врвот од табелите од Втората лига.

Loading