ПРОЛЕТЕР ВТОР ВКУПНО

Бесплатна објава

Џудо

Продолжуваат успешните настапи на прилепските џудисти. На Државното кадетско првенство во Гостивар, имаше жетва на медали. Се истакнаа членовите од Пролетер, клуб кој во вкупниот пласман е второпласиран, зад скопски Ипон. Со златни медали се закитија Теодора Димеска, Александра Макеска, Дарко Велковски, Борче Ангелов и Марко Паноски. Втори места, со пораз во финалето, имаа Ана Марија Трајчевска, Јорданчо Ѓорѓиоски и Симеон Гешкоски, додека за трето место на пиедесталот се изборија Сара Петреска и Менде Кироски.

Солиден беше и Сеишин со втори места на Мартин Тодорчески, Диме Ивчески и Стефани Петреска, а трети беа Леонардо Насески, Марио Цинцароски, Христина Ковилоска и Александра Најдоска.

Loading