ПЕНЗИОНЕРИ НА ЕКСКУРЗИИ ВО СТРАНСТВО

Преку 1500 пензионери, членови на Здружението, годинава ќе патуваат до девет дестинации во земјава и странство. Според календарот на Комисијата за одмор и рекреација, екскурзиите, зависно од бројот на членови, ќе се изведуваат во Струмица, со посета на манастирите Вељуса и Водоча. Потоа ќе се разгледаат Радовиш, Валандово, Осоговскиот манастир, Охрид, Вруток и Лешок. Се планира еден автобус пензионери да ги видат Хрватска и Словенија и да се сретнат со колегите од Логатец, со кои ќе се збратимат. Дел од “третата доба”, пензионерите ќе го минат со прошетка во Лесковац.

– Огромен е интересот, без разлика на возраста. Пензионерите се мераклии за дружење и запознавање на интересни места. Трошоците за превоз се симболични, за земјава е 100 денари, а другите трошоци ги покрива здружението – вели претседателот на комисијата, Крсте Маркоски.

Првпат се планира годишен одмор од осум дена на брегот од Јадранското или Јонското море, во соседна Албанија.  

Loading