РАБОТНИЦИТЕ БАРААТ СРЕДБА СО ПРЕМИЕРОТ

Еурокомпозит

Вработените во Еурокомпозит бараат исплата на девет плати за лани. Од загубарот, кој е целосно во државна сопственост, бараат да им ги подмири и трите години за пензиско и здравствено осигурување.

Синдикатот бара од премиерот работниците да бидат вклучени во новите мерки за повозрасни лица. Очекуваат да им се обезбедат социјални пакети.

– Ниту на небо, ниту на земја се, а се водат за вработени. Не ги уживаат законските работнички права – вели Лазар Ангелески, првиот синдикалец на Прилеп.

Во наменската фабрика Еурокомпозит се ангажирани помалку од 300 вработени.

Loading