“ЈАВАЊЕ” НА ВЕЛОСИПЕД ЗА СПАС НА ЗЕМЈАТА

Zelena Zemja so velosipedПрилепските велосипедисти од “Критичната маса” се приклучија во “спасувањето” на Земјата. Ги јавнаа велосипедите, поддржувајќи ја светската волонтерска еколошка акција “Часот на планетата Земја” и извозија рута од 7 километри низ градот. Организирани во група, привлекуваа внимание во сообраќајот, испраќајќи порака дека користењето на велосипед за превозно средство, наместо автомобили, е еден од начините да се заштити планетата од загадување и уништување.

В сабота, акцијата ќе биде уште помасовна кога милиони луѓе низ светот еден час ќе останат без струја и симболично ќе влијаат да се поткрене свеста за опасноста што ја демне Земјата.   

Loading