ПОПЛАВИТЕ ОДНЕСОА 13 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Над 13 милиони денари е проценета штетата од поплавите во селата Тополчани, Тројкрсти, Чепигово, Клепач и Кадино Село. Според извештајот на комисијата, биле поднесени над 180 барања за обесштетување. За уништени 462 хектари со есенски житни култури, проценетата штета е 10,5 милиони денари, а за домовите и помошните простории е 2,5 милиони денари.

Извештајот ќе се испрати до второстепената владина комисија која ќе одлучи за висината на обесштетувањето.

Во тек е исплатата на штетите од врнежите град во август лани при што беа уништени површини со тутун.

Loading