КРСТЕСКИ ПО ЛИБИЈА ВО ПОБЕДА

Фудбал

Vrakanje po pet godini - Darko KrsteskiТренерското место во големите спортови како фудбалот, е менлива категорија. Така, по ремито дома 0-0 со конкурентот Вардар, во Победа за тренер е назначен Дарко Крстески, наместо Златко Петрески, на кого клубот му се заблагодари за досегашниот придонес. Крстески како стручнак работеше во Црна Гора, Србија, а последна дестинација му беше Либија. Во Победа се враќа по пет години, а прв меч е гостувањето кај Млекар во М. Коњари. Интересно, на само километар – два растојание истовремено во соседното Г. Коњари домашниот тим го чека лидерот Вардар, кој претходно со 4-0 дома го порази Млекар.

Останати: 11 Октомври – Ц. Ѕвезда, Партизан – Превалец.

Табела: Вардар 34, Победа 31, Превалец 28, Партизан 25.

Loading