СТАБИЛНОСТ НА ОПШТИНСКОТО ЌЕСЕ

Драге Звездакоски, раководител на Секторот за финансирање и буџет     

– Во 2014 година имавме помалку приходи, но презедовме и помалку расходи и годината ја завршивме солидно и ликвидно

Stabilnost i likvidnost na opstinata - Drage ZvezdakoskiНа 33-та седница на Советот на Општина Прилеп, советниците го усвоија годишниот извештај и годишната сметка на Општина Прилеп за 2014 година, како и кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Прилеп за четвртиот квартал за лани. Што покажуваат извештаите?

– Во 2014 година имавме помалку приходи, но презедовме и помалку расходи и годината ја завршивме солидно и ликвидно. Извршувањето на приходите на консолидираниот буџет на општината во кој влегуваат 5 сегменти: основен буџет, буџет од блок дотации, буџет од донации, од самофинансирачки активности, од кредити беше во износ од 971 милиони денари, а расходите се реализирани во износ од 916 милиони денари, додека пренесени се вишоци на приходи од 55 милиони денари.

– Има ли потфрлања во основниот буџет во однос на 2013г.?

– Основниот буџет е извршен во износ од 320 милиони денари, додека расходите од 302,4 милиони денари, а притоа пренесени се вишоци од 17,66 милиони денари. Во однос на 2013 има одредени потфрлања, кои се однесуваат на данокот на промет на недвижности и права, надомест од одредување на градежно земјиште, приходи од продажба на општински имот и од градежно земјиште, што доведе до намалување на приходите наосновниот буџет за 2013 од 388 на 320 милиони денари за 2014 година. Општината во текот на 2014 година преземаше обврски на основниот буџет во рамките на расположливите средства, ниту еднаш не доведувајќи ја во опасност финансиската ликвидност и стабилност. Покрај 17,76 милиони денари пренесени вишоци на приходи на основниот буџет, пренесе и обврски доспеани од 35 милиони денари, од кои 12,5 милиони денари се однесуваат на обврски преземени по основ на трансфери од централната власта, односно од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој за два проекти, асфалтирање на улици во Големо Коњари и канализација во Мало Коњари, кои обврски ги реализира во текот на јануари и февруари 2015. Ако ги одземеме тие обврски пренесени од Агенцијата,  реалните обврски на општината се 22, 5 милиони денари, што споредбено со пренесениот вишок од 17,76 милиони денари има дебаланс од околу 4,5 милиони денари. Меѓутоа општината на својата билансна состојба на буџетот има побарувања по разни основи од вкпупен износ од 176 милиони денари, и тоа по основ на облог од данок на имот, по основ на облог од фирмарини, побарувања по основ на комуналии и легализација, за кои на граѓаните им е овозможено плаќање на рати, кои и во еден дел да бидат наплатени, ја докажуваат финансиската стабилност и ликвидност на основниот буџет.

– Се рефлектираат ли неподмирените обврски  за превоз на учениците од населените места и од соседните општини Кривогаштани и Долнени во буџетот од блок дотации?

– Единките корисници на буџетот пренесоа вишоци на приходи од 34 милиони денари, основното образование пренесе обврски од 4,72 милиони денари, а средното образование обврски од 18,77 милиони денари, од кои 11,7 се однесуваат на превозни услуги во образованието за превоз на учениците од населените места и од соседните општини Кривогаштани и Долнени кон градот и назад. Кога сето тоа ќе го собереме, доаѓаме до сознание дека единките корисници се финансиски стабилни, оти средното образование пренесе вишок на приходи од 9,98 милиони денари, а обврски од 18,77, а основното пренесе вишоци на приходи од 20,7, а обврски преземени по основ на добавувачи од 4,78 милиони денари.

– Каква е финасиската состојба со јавните општински установи?

– Пренесени се и обврски по основ на вишоци на приходи и кај Старски дом од 1,294 милиони денари, детските градинки обврски од 1,240 милиони денари и Градска библиотека од 886 илјади денари, што покажува дека единките се сосема финансиски стабилни, а во општинскиот буџет успеавме да го избалансираме преземањето на обврските во рамките на расположливите средства на буџетот.    

– Како стартуваше 2015 година, се полни ли општинската каса со продажбата на градежното земјиште?

– Во јануари се изврши продажба на градежно земјиште на 2 парцели, односно препродажба на пазарот на сирење со постигната цена од 29 милиони денари, и од стариот суд за прекршоци од 8 милиони денари. Што значи во текот на јануари годинава, од продажба на градежно земјиште остваривме 37 милиони денари. Имаме обврски кон Кам фуд, поранешниот купувач на плацот на пазарот за сирење, во износ од 20 милиони да извршиме поврат, односно 80% од постигнатата цена. Остваривме разлика на приходи, чист приход во буџетот по основ на продажба од 17 милиони денари. Кога ќе ги земеме во предвид и пренесените вишоци од 17,76 милиони, на располагање имавме средства за исплата на обврските на буџетот од 34 милиони денари. Во овој момент општината има обврски кон добавувачи од 13,6 милиони денари, вклучувајќи 3,1 милион денари обврски по основ на трансфери од Агенцијата. Првиот квартал од 2015, општината ќе го заврши со обврски со околу 10 милиони денари, што докажува дека сме ги санирале обврските кои сме ги пренесле и дека е стабилна и ликвидна општина.                

Loading