АСФАЛТ НА СЕКОЈ ПРОКОП НА УЛИЦИТЕ

Напредува реконструкцијата на канализационата мрежа

ulicaЌе се асфалтираат сите прокопи на улиците во градов на кои е заменета канализационата мрежа. Главните улици целосно ќе бидат асфалтирани, а градежните активности се очекува да започнат во првата половина од мај најавуваат од Локалната самоуправа. Покрај проектот за реконструкција на фекалната канализација, според планираното се одвиваат и работите за изградба на пречистителна станица кој е најголем проект, финансиран од ЕУ.

– Во април со отворање на асфалтните бази ќе се асфалтираат ископаните улици. Сообраќајниците ќе се поправаат и ќе се доведат во првобитната состојба. Се подготвува асфалтирање на улиците во Жабино мало, односно ќе се подготви теренот за пристап до локацијата за пречистителната станица – вели градоначалникот Марјан Ристески.

При реконструкцијата на канализационата мрежа се прават големи ископи.

– Поголемите улици ќе бидат целосно послани со нов асфалт, односно целосно препокриени и поправени, а не само ровот каде се движела трасата на ископот. Очекувам со подобрување на временските прилики, околу 15 април да тргне масовно асфалтирањето од околу 20 дена. Сите досега третирани улици ќе добијат асфалт. Наредните улици кои ќе бидат раскопани во другиот дел од летото при крајот на август ќе се вратат и асфалтираат. Со тоа ќе се оконча проектот – вели Саше Николоски, директорот на ЈКП ВиК.

Реализирани се околу 70 отсто од работите во првата фаза која ќе заврши до 15 септември при што ќе бидат реконструирани 23 км канализациска мрежа.      

Претставници од министерството за животна средина, за финансии, за транспорт и врски и изведувачот, надзорот на проектот, ккао и од ЕЛС и ЈКП Водовод и канализација редовно оддржуваат работни состаноци за тоа како се одвиваат проектите за пречистителната станица и реконструкцијата на канализационата мрежа.      

Loading