СИЛНА ПОРАКА ОД 4. 000 ГЛЕДАЧИ

Фудбал

Stadionot vo Prilep najispolnetiot vo drzavavaПонекогаш сликата е посилна од илјада зборови. Во неделата стадионот “Гоце Делчев” беше најпосетен во државава, на мечот Победа – Вардар (Н). Се собраа близу 4 000 гледачи кои со масовното присуство испратија силна порака дека во спортот најмногу им значи брендот Победа. Го поддржуваат и во ниската Трета лига и очекуваат поскоро враќање во Првата. Победа мора да биде приоритет на градов. Играчите се трудеа да возвратат, но кога се сакаше најмногу и кога сé одеше во прилог, надмоќта, осумте шанси и 53 минути играч повеќе, топката не ја сакаше гостинската мрежа. Играта беше супер, а реализацијата – нула.

Нема место за паника, Победа е речиси професионален тим. До крајот на првенството, каде и да игра, се очекува да реди само победи. Викендов нема првенствен меч, туку пријателски со Младост (К).   Табела: Победа и Вардар по 31, Превалец 25, Партизан 22, Борец 16.

Loading