ЈОВАНОСКА И РИСТЕСКИ – МЕЃУНАРОДНА КАТЕГОРИЈА

АМС

За поддршка на спортот во државава, Агенцијата за млади и спорт доделува стипендии и признанија на поединци во повеќе категории. Меѓу 26 прогласени за спортисти од светска категорија нема прилепчани, но градов е застапен со двајца во групата за стипендии од меѓународна категорија. Тоа се каратистите Пулексенија Јованоска (Ронин) и Тодор Ристески (Спорт 94). Многу побројни се нашите млади спортисти во категоријата стипендија за спортска надеж. Вкупно се 23, а најбројни, шестмина, се ракометарите: Бојан Јованоски, Алија Амзоски, Горазд Станкоски, Христијан Јовески, Ивана Наумоска и Ивана Ѓорѓиоска. Има по тројца фудбалери и кошаркари, по двајца одбојкари, скијачи и од училишен спорт, една од спортско качување, а најзвучни се имињата од каратето: Маријана и Мишела Димоска, Искра Каракашоска и Киријана Камческа (Ронин).

Државна награда “Осми септември” има добиено селекторот во стрелаштво, Стеван Крстески.  

Loading