ИЗБИРАМЕ НАЈДОБРА ЗЛАТЕН ДАБ АНДРОИД АПЛИКАЦИЈА

Од вчера започна наградниот конкурс за креирање најдобра Андроид Даб апликација, наменета за паметни телефони и таблети. До 8 мај секој може да се обиде да ја креира својата Андроид апликација специјализирана за брендот на Златен Даб.

Идејата на Прилепската пиварница со овој конкурс е да се поттикне создавањето на  иновативни апликации, кои ќе имаат реална примена во модерното секојдневие. Предизвикот за програмерите е да го познаваат најдобро брендот Златен Даб и вредностите кои ги промовира, за да можат да ги истакнат во апликацијата.

– Ги мотивираме македонските програмери да развијат креативна, функционална и оригинална мобилна платформа, која ќе биде наградена и ќе може бесплатно да се симнува од Play Store маркетот. Веруваме дека со наша поддршка, а со потенцијалот, капацитетот и широкиот опсег на познавања на програмерите, ќе создадеме врвно и практично решение за современа и најмодерна Андроид апликација за нашиот најпрепознатлив бренд Златен Даб – изјави Александар Чатлески, бренд менаџер во Пиварницата.

За избраната најдобра Даб Андроид апликација, Прилепската пиварница обезбедува, покрај паричната награда од 1.500 евра, победникот да склучи договор со компанијата за префрлување на авторските права на наградената апликација и ќе биде промовирана преку повеќе маркетинг канали по прогласувањето.

Победничката апликација ќе биде избрана од жири комисија од пет членови избрани од Прилепската пиварница. Ќе се оценува дизајнот, иновативниот пристап и функционалноста. Објавувањето на победниците ќе се изврши на 15 мај 2015 година.

Сите информации за наградниот конкурс, правилата, начините за пријавување и учество, се достапни на веб страницата на Златен Даб www.zlatendab.com.mk.

Loading