УЧИЛИШТА ПО СОВРЕМЕН ТЕРК

Во општина Кривогаштани

Се реновира училиштето во Годивље, ќе се гради и спортска сала во ОУ “Манчу Матак” во Кривогаштани. Освен инвестициски зафати за подобрување на условите во образованието, се гради и патната инфраструкура и се поставуваат сообраќајни знаци. Продолжува градбата на современиот сточен пазар.

Во Годивље почнува реновирање на училиштето. Извадени се старите прозорци и врати, откорната е подната конструкција и поставена е бетонска подна постилка. Се очекува епилог на реновирањето.

– Обновата е поддржана од Министерството за образование. Ова е само еден од чекорите за подобрување на процесот на образование и обезбедување на одлични услови. Планираме реконструкции и во останатите училишта – вели Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.

За ОУ “Манчу Матак” во Кривогаштанињ е потпишан протокол за примопредавање на локација за изградба на спортска сала.

– Наскоро ќе отпочнат и градежните активности. Жителите ќе добијат сала за спортски активности – вели Заткоски.

Продолжува градбата на сточниот пазар. Се подига административната зграда и помошните објекти со ПВЦ врати и прозорци со што се обезбеди и енергетска ефикасност. Поставени се и водоводните и канализационите инсталации низ целиот објект.

Во патната инфраструктура завршено е примопредавање на трасата на локалниот пат Кореница – Годивље во должина од 1050 м.

– До крајот на март ќе почне изведбата на реконструкцијата на локалниот пат – вели Заткоски.

Се санираше улицата во Боротино поткопана од поплавите. Направени се бетонски пропусти, кои, заедно со постојната, ќе овозможат непречен проток на вода.

Во општината се поставени 24 сообраќајни знаци за регулирање на сообраќајот и информативни табли на населените места при влез и излез. Локалните власти водат постојана грижа за безбедноста во сообраќајот.

Podgotveni sedla za vrakanje na strkoviteПОСТАВЕНИ КОРПИ ЗА ЛЕГЛА НА ШТРКОВИТЕ

Во штрковата “населба” на потегот на патниот правец Кривогаштани – Крушево поставени се три корпи за легла на штркови, кои се извадени од електричните столбови во централното подрачје, а кои правеа проблеми во движењето на пешаците. Се планира подигнување на комплекс за штрковите. Ќе се наместат уште пет столбови со корпи за легла за птиците. Првично ќе се направи проба дали штрковите ќе се населат на оваа локација. Доколку не ја прифатат новата “населба”, општината најавува нов обид на други локации.

Loading