ВРАТЕНО СЛАВНОТО ИМЕ – ПОБЕДА

Горан Хаџи Ристески

Vo registar samo sest zlatni bukvi - Goran Hadzi   RisteskiФудбалскиот клуб Победа јуниор го врати славното име – Победа. Потегот наиде на воодушевување во јавноста. Исфрлена е додавката јуниор, а во историја останува и Викторија.

– Успеавме да го промениме името во Централен регистар, ОФС Прилеп и ФФМ. Во пролетниот дел од третолигашкава сезона почнуваме да се натпреваруваме под името кое отсекогаш го носел овој клуб, Победа – информираше Хаџи – Ристески.

Дали и порано постоеја услови за враќање на името?

– Пред почетокот на сезоната во Третата лига, пробавме да направиме промена, но не беше побарана согласност од ОФС Прилеп. Беа разгледани сите опции во Централниот регистар дали ова име може да се користи. Ова го правиме сега, оти во тек на натпреварувањето не може да се изврши промена.

Имаше ли пречки во врска со казните од УЕФА?

– Не. Се работи за сосема различен правен субјект кој не е поврзан со претходниот правен субјект.

Значи ли ова дека Победа можеше да се вика од самиот старт во 2010 година?

– Можеби. Не знаеме во тоа време дали имало некои пречки во Централен регистар. Можеби не било побарано да биде тоа име. Или не била разгледана таа можност. Битно е дека сега се создадоа условите – заврши Хаџи – Ристески.

Со враќањето на името симболично се поставува континуитет меѓу старата и новата Победа. Впрочем, како што велат навивачите “Една е Победа!”

Loading