ЈОСИФОСКА Е ВО НЕВАДА

Тенис

Vrvna teniserka - Aleksandra JosifoskaСигурно една од најдобрите македонски тенисерки во историјата е прилепчанката Александра Јосифоска. Моментно живее во Лас Вегас, Невада, САД. Таму е веќе четири години, студира на Универзитетот и настапува во Првата дивизија универзитетски натпревари на САД. Претходно беше и професионална тенисерка.

– Последниот професионален турнир го одиграв лани во Лас Вегас со вредност од 50 илјади долари. По раскинувањето на соработката со Сергеј Самсоненко и катастрофалната поставеност на спортските институции, успеав да настапам уште една сезона во професионалниот тенис, пласирајќи се на 460 место од ВТА листата. По анализата на ситуацијата во нашата држава, прифатив една од понудите во Америка и од денешен аспект не жалам, иако тоа беше речиси крај на професионалната кариера – вели Јосифоска, која моментно заздравува по операција на раката.

Почнала на осум години во ТК Престиж кај Златко Палилулески, а најголеми резултати се повеќекратна државна шампионка, финале во Валенсија,1/4 финале во Гранада, Шпанија со победа над ривалка од “топ 100” и освоен турнир во Орбитело, Италија, за трето место до 16 години на листата од Европската тениска асоцијација.

Loading