ФАВОРИТОТ ЈА ОПРАВДУВА УЛОГАТА

Фудбал: В недела третолигашко дерби Победа – Вардар

Zasiluvanje za sredniot red na Pobeda - Kemal AlomerovicПо 50-дневни подготовки и осум тест мечеви, засилена со Апостоловски, Ѓорѓиевски, Ацески, Колевски, Зојчески и Аломеровиќ, Победа в недела (15 ч.) на Градски се пресметува со конкурентот за првото место во Третата лига – Југ, неготински Вардар. Пред полна трибина со бројна навивачка група “Мајмуни” спроти неготинските “Винари”, домаќинот прифаќа улога на фаворит.

– Никој не ни ги остава бодовите на послужавник. Секој ривал го респектираме и мораме да вложиме максимум. Подобри сме од есеноска. Очекуваме три бода, без оглед на резултатот. Доволно е 1-0 – смета Златко Петрески, тренерот на Победа.

Гостинот Вардар, предводен од тренерот Марјан Стојанов, со право има свои планови, бидејќи на табелата има ист број бодови (30), само послаба гол – разлика и загубен меѓусебен дуел дома есеноска со 0-4. Во екипата се неколку познати имиња, меѓу кои и некогашниот член на Победа, Миле Чаушев. Беше во младинската екипа, шампион во сезоната 2003/04.

– Знам добро колку тешко се освојуваат бодови во Прилеп. Победа е добра екипа. Ќе дадеме сé од себе за поволен резултат. Одговара и реми – вели Чаушев.

Победа: Апостоловски – Богоески, Велјаноски, Ф. Мирчески, Николов – Мегленски, Карчески, Ацески, Аломеровиќ – И. Мирчески, Д. Здравески.

Вардар: Соколов – Смилков, Ганчев, Илиевски, И. Давчев – Крстев, М. Давчев, Тодорчев, Најдов – Ивановски, Чаушев. 

Loading