ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ НА ДОФАТ

СОУ Кузман Јосифоски – Питу

Poseta na banka - SOU 'Kuzman...'Одблиску да се запознаат со инструментите за готовинско и безготовинско плаќање и поврзување на теоријата и практичното работење, учениците од 3-6 клас од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” заедно со професорката по деловно работење Гордана Тошеска имаа еднодневен престој во експозитурата на Стопанска банка. Менаџерот на банката им објасни како функционира банката и како се одвива платниот промет. Благајничката ги запозна со сите инструменти за готовински и безготовински платен промет. Дознаа и дека плаќањата можат да се вршат интерно, во една банка, клирингшко, од една во друга банка и МИПС плаќања, брз трансфер на пари.

– Разбравме како се плаќа царина и колку треба внимателност, оти грешките тешко се поправаат. Дознавме и за изводите кои ги добиваат фирмите каде што се запишани сите видови на трансакции, уплати, исплати, поминување на плата и придонеси од плата, плаќање на даноци и слично – вели ученичката Ивана Сурлаџиоска.

Посетата на банката за учениците беше големо искуство. Го проширија знаењето, се заинтересираа повеќе за видовите плаќања во банка и им беше мотив за понатамошното изучување на деловното работење.  

Loading