ПРВ МЕЃУНАРОДЕН НАСТАП

Микс

Центарот за боречки вештини Максам првпат се претстави на меѓународна сцена во микс боречки вештини. На турнирот во Бања Лука, Босна, Христијан Граороски беше поразен од Србин, Виктор Нестороски совлада домашен борач. Настапи и Катерина Атанасоска, која загуби од Словенка. Пресуден е заморот од долгото патување, а и тремата, вообичаено на дебитантски настапи. Тренерот Пеце Ангелески е задоволен од прикажаното.

Претходно, во бразилска џиуџица, на турнирот во Ниш, бронзени медали освоија Братислав Зерески и Катерина Атанасоска.

Loading