КАРАНФИЛ ЗА ПЕНЗИОНЕРКИТЕ

Risteski zaigra so penzionerkiteОсмомартовскиот празник на жената, 250 пензионерки преку активот на жените при Здружението на пензионери, весело го одбележаа во ресторанот Евро. И градоначалникот Марјан Ристески се придужи на честитките, укажувајќи дека жените се значајна алка во сите пори на општествено-политичкиот, културниот, здравствениот и образовниот живот. Тој им подари на сите пензионерки по еден црвен каранфил и не можеше да ги одбие, па се фати на орото. 

Пензионерките добија честитки од претседателката на активот, Снежана Димеска, и од претседателот Кирил  Ѓорѓиоски.   

Loading