ПОБРЗО ДО ПАРАФ НА СОПСТВЕНОСТА

Граѓаните се на потег

Некомплетните документи ги сопираат постапките за приватизација на дворовите

Graganite da pobrzaat da stanat stopani na  svoetoЗаврши постапката за експропријација на земјиштето за изградба на експресниот пат Прилеп – Градско. Прилеп е лидер во Македонија според бројот на поднесени барања за приватизација на имотите. Управата за имотно правни работи продолжува да биде отворена за граѓаните да ги решава проблемите од сферата за приватизацијата, легализацијата, експропријацијата или денационализацијата и сé она што е поврзано со решавањето на статусот на објектите и земјиштето. Директорот на Управата за имотно правни односи, Зоран Крстаноски, оствари средба и со градоначалникот Марјан Ристески.

– Од интерес на општината ја реализиравме постапката за експропријација на земјиштето, на кое ќе се гради новиот пат Градско -Прилеп. Делницата е од исклучително значење за целокупниот економски напредок. Разговаравме и за реализирање на урбанистички планови, проширување на улици, водоводни мрежи и атмосферски канализации за кои е потребна експропријација – изјави Крстаноски.

Соработката меѓу Управата за имотно правни односи и локалната самоуправа, резултира со финализирање на постапката за експропријација на земјиштето на кое ќе се гради новиот пат.

– Најбитна е градбата на експресниот пат Прилеп – Велес. Значајна е и приватизацијата на дворните места на имотот на граѓаните. Одлично  соработуваме. Се надеваме на продолжување и интензивирање на динамиката во интерес на решавање на актуелните проблеми на граѓаните и за развојот на општинава – изјави Ристески 

Одделението во Прилеп е водечко според бројот на примени барања за приватизација, односно вкупно 19 илјади апликации, од кои најголемиот дел, односно 60 отсто се веќе решени. Остануваат уште седум илјади предмети. Рокот за поднесување барања за приватизација заврши на 15 декември лани. Во нив има околу 2 илјади некомплетни, кои поднесителите на барања треба што поскоро да ги докомплетираат со доставување на потребните документи и податоци.

– Во околу две илјади предмети има некомплетни податоци за катастарска парцела за која се бара приватизација, што согласно законот е проблем, оти може практично да се избришат корисничките права и да не може воопшто да се приватизира тоа земјиште. Затоа апелирам дека оние кои имаат поднесено апликација, но не добиле решение, во најкраток можен рок да се обратат до Одделението да извршат увид во своите барања и она што е некомплетно да се среди за да може да се донесе и решението на приватизација. Решавањето зависи од тоа колку побрзо апликантите ги комплетираат барањата, толку побрзо ќе донесеме решение. Граѓаните без своја вина ја губеле сопственоста на земјиштето и станувале корисници преку процесот на приватизација кој сега го спроведуваме, се со цел да си ја вратат споственоста на тоа што секогаш било нивно. Најчести проблеми се однесуваат на приватизацијата, но има и барања поврзани со констултација за постапки, поврзани со легализација на објекти, што е испреплетена сфера во однос на решавање на статусот на куќата и земјиштето. Дел се однесуваат на уписи во катастар, кои дополнително ќе ги кординираме и прашања од судска надлежност – додава Зоран Крстаноски.

Досега преку Управата за имотно правни односи на ниво на Македонија се решени околу 240 илјади барања за приватизација. Во постапка се уште 130 илјади, но нивното  решавање зависи од брзината на граѓаните за докомплетирање на веќе поднесените документи.  

Loading